Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Кочани, каде беше за пуштањето во работа на новата хала на „Амфенол“ ги посети и гробиштата, каде запали свеќи на гробовите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ кој на 16 март ја зави Македонија во црно.
Тој таму се сретна и со дел од родителите на загинатите деца, а таткото на едно од нив, се огласи на социјалните мрежи.
Потегот на Мицкоски го нарече достоинствен и човечки и упати апел до останатите да не ја злоупотребуваат нивната болка за политика.
„Разбрав дека денес премиерот бил на гробиштата во Кочани и запалил свеќа на гробовите на нашите ангели. Само тивок и достоинствен чин. За нас родителите, секој кој ќе застане со почит пред болката што ја носиме е пред се човек. Денес така го доживеав и премиерот, како човек. Ве молам, не ја злоупотребувајте оваа болка за политика и дневни поени. Болката е наша, а гестот беше човечки. Тоа е доволно“, напиша Тошо Антов, татко на едно од загинатите деца.