Граѓанската иницијатива која се залага за избор во однос на носењето на маски во училиштата, вчера одржа протести во Скопје, Битола, Кавадарци, Штип, Куманово, Струмица, Охрид, итн.
Иницијативата, која за неколку дена доби повеќе од 9,000 поддржувачи на социјалните мрежи, се залага за промена на ковид протоколите во образованието, односно употребата на маските од задолжителна, да биде на избор на родителите. Родителите се револтирани од нелогичноста во протоколите, според кои без маски може да се користат спортски клубови, ресторани, игротеки, додека пак во училиштата на учениците им е забранет влез доколку не носат маски.
„Се побројни се истакнати доктори кои јавно ги искажуваат многубројните штетни последици од носењето на маските по здравјето на децата кои во текот на денот седат по седум до осум часа со маска, вклучително и на часот по физичко. Последиците од носењето на маски со кои се блокира протокот на кислород во мозокот, ќе има долгограјни последици по нивното ментално и физичко здравје. Родителите се децидни дека од следното полугодие нивните деца нема да одат со маска во школо“, се вели во соопштението на иницијативата.