367
Градот Солин го прогласи понеделник, 9 октомври, за ден на жалост поради смртта на 24-годишната Антонела Баковиќ, која загина во тешка сообраќајна несреќа кај Венеција. Нејзиниот сопруг Марко Баковиќ е тешко повреден, а семејството го посетило во болницата Мирано, недалеку од Венеција.
„Не знам што да ви кажам. Ни кажаа дека неговата состојба е стабилна. Тој е свесен. Разговаравме со него. Се сеќава на несреќата“, кратко рекле родителите на Марко, пренесува „Јутарњи лист“.
Како што додаваат, го посетиле и вчера, но дури денеска му соопштиле дека неговата сопруга Антонела загинала во сообраќајна несреќа. Тие останале со него неколку часа.
Младиот фубалер е сместен на одделението за интензивна нега каде што за него се грижи цел тим лекари.