Родителите на усмртеното дете на „Пластичарска“ најавуваат жалба: Очекувавме казна од над 10 години

од Nikola Popovski
737 прегледи

Семејството на детето кое беше усмртено на „Пластичарска“ пред повеќе од месец дена не е задоволно од изречената пресуда за возачот. Најавуваат жалба.

-Очекував пресуда над 10 години. Кога ќе изгубиш 2-годишно дете, се знае како се чувствуваш. Ова не е реално. Нема поголема тежина. Ако имаме држава, треба правилно да се суди, вели Себастијан Сановски, татко на 10-годишното дете што беше усмртено од автомобил.

Возачот 21-годишниот Шукри Зеќири од Скопје доби единствена казна затвор од две години и три месеци. Во пресудата судијката Марија Клетничка наведе дека 21-годишниот Зеќири претходно не бил осудуван за кривично дело.

Во времетраењето на затворската казна пресметано е и делото неукажување помош лице повредено во сообраќајна незгода за што определена му е затворска казна од 6 месеци. Тој доби и забрана за управување со моторно возило во период од три години.

На првото и единствено рочиште, 21-годишното момче призна вина и рече дека побегнал од страв мислејќи дека ќе биде тепан. До правосилност на пресудата, останува во куќен притвор.

Сообраќајната несреќа се случи на 12-ти октомври оваа година. Екипата на Итната медицинска помош го однесе повреденото дете во Ургентниот центар, каде лекарите констатираа смрт.

Слични содржини