Поранешниот американски кошаркар, Денис Родман, е многу восхитен поради тоа што неговите пријатели Ким Џонг Ун и Доналд Трамп добро се согласуваат, посебно поради тоа што смета дека самиот одиграл голема улога во „воспоставување на мир“.

Затоплувањето на односите меѓу САД и Северна Кореја, просто, е резултат на отворената комуникација и добрата „старомодна“ дипломатија, смета тој.
Родман истакнува дека, кога во јуни 2017 година ја посетил Северна Кореја, на Ким Џонг Ун му однел неколку книги на Трамп.
Во изјава за интернет порталот за познати личност, „TMZ“, Родман рече дека тој потег бил катализатор кој го натерал диктаторот да го промени мислењето околу претседателот и целиот американски народ.
Родман, меѓутоа, истакнува дека не сака да си присвојува заслуги за „добрите вибрации кои во моментот се случуваат“, но не може да ја сокрие својата радост поради улогата која тој лично ја одиграл.
Сепак, тоа беше негова цел веќе подолго време, заклучува, „TMZ“.