Воени групи  на руските платеници тајно се префрлаат во Сирија од страна на цивилни авиони за да се борат за режимот на Башар Асад, објави Ројтерс.

Облечени во маскирни и со спортски облека, војниците се качуваат  на авиони на приватната сириска авиокомпанија “Cham Wings”, полетуваат од аеродромот   на 30 километри од Ростов на Дон.

Според истрагата на “Ројтерс”, за 14 месеци – почнувајќи од 5 јануари 2017 година, се извршени 51 летови на “Cham Wings” од Дамаска и Латакија до Ростов и обратно.

Тие пристигнуваат на рускиот аеродром најчесто ноќе и полетуваат за враќање на летот рано наутро, кога практично нема други патници.

Летовите и нивните возни редови не се објавуваат од аеродромот , но информациите за нив се појавуваат во базите на податоци за онлајн следење на летови.

Потсетуваме едка властите во Москва постојано негираат за  постоењето на руски платеници во Сирија кои се вклучени во копнени операции, иако податоците  велат за десетици (според некои извори стотици) загинати Руси во сириските борби .

Во еден случај, новинарите виделе на аеродромот околу сто мажи , можеби платеници од приватна воена компанија, која се пријавиле за летот во Сирија со Ербас А320. Со истиот авион од Сирија, 30 лица пристигнале назад . Повеќето од нив биле облечени во “пустинска камуфлажа”.

Авионите што биле користени за овие летови претходно биле во сопственост на европски и американски компании, но биле продадени на Блискиот Исток преку мрежа на посредници и оф-шор компании , се наведува во  истрагата.