Лесен десерт за жешките денови. Пробајте!

Потребни состојки:
4 јајца
200гр Шеќер
70гр Башно
40гр Густин
3 – кесички желатин
300гр Малини
300гр Сирење
200мл слатка павлака
Лажица сок од лимон
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200.C. Раздвојте ги белките од жолчката. Изматете ја жолчката со 4 лажици врела вода и 70гр шеќер. Изматете ја белката и 30гр шеќер, па измешајте ја жолчката. Додадете брашно и густин. Разлејте го по плехот со хартија за печење и печете 15 мин.
Извадете го печениот пандишпан на чиста крпа и посипете со шеќер, па потоа одлепете ја хартијата. Свиткајте го ролатот.
Се подготвува желатинот. Малините се пасираат. Се меша соединува, пола пире од малина и 100г. шеќер. Се мати павлаката.
Сокот од лимон се загрева, се растопуваат 2 кесички желатин и во таа смеса се меша кремот од сирење, и павлака.
Се премачкува кората со сирењето, и се завиткува повторно во ролат. Се премачкува ролатот со слатко од пире во кое е замешан желатин, направен по упатството од кесичката.