Ролат со лешник и кокос (без печење)

од desk2
671 прегледи

Прекрасен ролат за празничните трпези

Состојки
состојки за црната смеса
250гр. мелени ореви
250гр. мелени бисквит
250мл. млеко
50гр. какао
100гр. чоколада за говење
100гр. шекер во прав
состојки за белата смеса
100мл. слатка павлака
50гр. чоколада за готвење(бела)
50гр. шеќер во прав
100гр. кокос

Во сад за готвење, измешајте го млекото, шеќерот и какаото и оставете да зоврие. Додадете го чоколадото и мешајте се додека се не се растопи.
Во смесата додадете ги мелените бисквити и мелениот лешник и мешајте се додека смесата не стане хомогена.
На работната површина поставете парче пластична или алуминиумска фолија, а потоа врз неа распоредете ја смесата во рамномерен слој во форма на правоаголник.

Во друг сад, на оган, слатката павлака измешајте ја со белото чоколадо и мешајте се додека не се растопи. Садот тргнете го од оган и додадете шеќер и кокос.
Врз темната смеса рамномерно распоредете од белата смеса и со помош на фолијата завиткајте го ролатот.
Ролатот ставете го во фрижидер да се олади барем 2-3 часа пред да го послужите.