Ролинг Стоунс ја започнаа својата турнеја, а прва станица беше Мадрид. Тие на стадионот на фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид „Ванда Метрополитано“ изведоа песна која досега не ја изведувале.
Тоа е песната „Надвор од времето“. Создадена е во далечната 1966 година, а обожавателите можеа да ја слушнат во живо за прв пат во својот живот.
Слушнете ја:
Турнејата наречена „Шеесет“ опфаќа 14 концерти на популарните „Стоунси“ во Европа, а првиот се одржа на споменатиот стадион.
Како што е познато, тапанарот на бендот Чарли Вотс почина минатиот август на 80-годишна возраст.
Членовите на Ролинг Стоунс открија дека Вотс снимал нови песни пред да почине.
– Имаме многу сработени песни… Дозволете ми да кажам вака. Не сте го слушнале последното од Чарли Вотс – рекол Кит Ричардс.