Општината на Сараево преговара за концерт на британската рок група “Ролинг Стоунс”, соопшти босанскиот портал “Кликс”.
Концертот ќе се одржи во мај на стадионот “Кошево”. Идејата е на самиот Миг Џегер.
Притоа Сараево побарал за половина пониска цена за концертот во босанската престолнина во споредба со последниот концерт на групата во хрватскиот главен град Загреб.
Досега групата гостувала двапати во Загреб во 1976 и 1998 година и еднаш во Белград во 2007 година.