Rolling Stones тргнува на турнеја во Европа

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Легендарната британска група Rolling Stones со турнеја во 12 големи европски градови во септември и октомври оваа година, информира АФП.

Концертнaта турнеја ќе се вика  “Stones-No flter”. Тие тргнуваат  на големата  турнеја од  Јужна Америка, ќе  свират и за првпат и на историското шоу во кубанската престолнина Хавана .

Рок-диносаурусите ќе ги исполнат класици, како и парчиња од најновиот албум “Blues & Lonesome” со насловните блуз парчиња.

Турнејата  ќе стартува во германскиот град Хамбург на 9 септември, по што ќе следат концерти во Австрија, Швајцарија, Италија, Шпанија, Холандија, Данска и Шведска.

Концертната турнеја ќе заврши во француски Нантер, во близина на Париз, каде се предвидени два датуми – 19 и 22 октомври.

Хамбург, Германија – 9 септември

Минхен, Германија – 12 септември

Шпилберг, Австрија – 16 септември

Цирих, Швајцарија – 20 септември

Лука, Италија – 23 септември

Барселона, Шпанија – 27 септември

Амстердам, Холандија – 30 септември

Копенхаген, Данска – 3 октомври

Дизелдорф, Германија – 9 октомври

Стокхолм, Шведска – 12 октомври

Арнем, Холандија – 15 октомври

Париз, Франција – 19 и 22 октомври