Rolls-Royce: На нашите клиенти не им треба автопилот, имаат лични шофери

од desk2
148 прегледи

Поголемиот број проиводители на автомобили ширум светот се приклучуваат на трендовите како развој на системи за автономно возење што може да го замени возачот кога тој ќе посака.

Сепак, има производители кои не го следат овој тренд. Меѓу нив е и суперлуксузниот автомобилски бренд Rolls-Royce.

Rolls-Royce нема да вложува во вакви системи од едноставна причина што сопствениците на овие луксузни модели уживаат да се возат во нив, а не да ги возат самите.

Директорот на Rolls-Royce Торстен Милер-Отвос вели дека клиентите кои купуваат ваков автомобил спаѓаат во класата на луѓе кои имаат свој шофер. Оние кои сами возат се „статистичка грешка“.

„Важно е да се сфати дека не повеќето, туку сите наши клиенти имаат лични шофери“, објаснува тој.

Милер-Отос додава дека нема смисла да ги опремуваат нивните возила со самовозечка технологија што го заменува шоферот, кога веќе има шофер на кого тоа му е работа.