Италијанската Рома ја одби примамливата понуда од Тотенхем за офанзивниот играч за врска, Николо Заниоло.
Лондончани упатија понуда да го земат играчот на позајмица со задолжителна откупна клаузула за 20 милиони фунти.
На ова Италијанците одговорија со одбивање, бидејќи очекуваат најмалку 50 милиони евра за 23-годишниот италијански репрезентативец.
Разговорите меѓу двата клуба се во тек и може да се стигне до позитивен развој.