Рома ќе се обиде да го ангажира Анчелоти

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Италијанскиот клуб Рома ќе се обиде да го доведе Карло Анчелоти за тренер следната сезона, според шпанскиот весник „Ас“. Ова се случи откако шпанските медиуми објавија дека Италијанецот нема да остане на кормилото на Реал Мадрид и ќе си замине по завршувањето на актуелната кампања.

Американското семејство Фридкин, кое е сопственик на клубот од Рим, по секоја цена сака да го види тренерот на кормилото на тимот.

Карло Анчелоти е емоционално поврзан со Рома, а голем дел од неговата кариера како фудбалер минува токму во тимот за кој има 171 настап и 12 гола. Сепак, тој никогаш не ја водеше Рома, за разлика од неговите поранешни тимови во кои играше како фудбалер во Италија – Милан и Парма, на кои беше и тренер.

Актуелен тренер на Рома е Клаудио Раниери, кој излезе од пензија за да му помогне на тимот, а раководството од почетокот на сезоната смени уште двајца тренер – Даниеле де Роси и Иван Јуриќ.

Слични содржини