Ромалитико: Горчлив проблем за Ромите останува вработувањето

од Hristina Nikolovska

Денеска во Скопје се одржа национална конференција на тема „Проценка на напредокот на РСМ во спроведување на јавните политики кон ромската заедница“ во организација на Институтот за истражување и анализа на политики-Ромалитико.

Министерската за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека, на конференцијата се презентираат не само постигнувањата во делот на интеграција на Ромите во општеството, туку се разгледуваат и заеднички се наоѓа решение за предизвиците кои остануваат пред нив.

-Ние како министерство навистина се трудиме да ги вклучиме Ромите во сите политики кои ги креираме, се со цел да добиеме едно општетсво кое ги интегрира сите граѓани. Голем дел од ромското население е опфатено со социјалната реформа, посебно со детскиот и образовниот додаток.  Дополнително работевме на вклучување на децата Роми во градинките. Претходно ова беше проектно решение, но сега локалните самоуправи преку блок дотации од Буџетот ќе треба да ги финансираат и да обезбедат резервирани места за овие дечиња во градинките во  градовите каде има ромско население со цел поеднаков старт на сите деца во општеството. Законот за лицата без документи е големо достигнување на оваа Влада со кој се гарантираат здравствените, социјалните, образовните права и правото на вработување, а следен чекар ќе биде надминување на нивното државјанство. Се трудиме ромските информативни центри да ги интегрираме во социјалните центри  со цел квалитетни и навремени информации за правата од социјална заштита кои им се гарантираат. – рече Царовска.

Министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во нашата земја Музафер Бајрам порача дека имаат плодна соработка со МТСП и се заблагодари за поголемиот Буџет за инфраструктура за Роми за претстојната година.

– Буџетот е зголем 100%. Намесно 20 сега имаме 40 милиони. Горчлив проблем за Ромите останува вработувањето. 1.3 се вработени Роми во државна администрација. Три четвртини од вработените Роми сеуште се на ниско квалификувани работни позиции. Поразително е што немаме Роми на високи раководни позиции. Направивме критика на балансерот дека тој сепак ги фаворизира двете најголеми етнички заедници, македонската и албанбската, а за нас остануваат само трошките. Се надеваме дека ова ќе биде ревидирано. – рече Бајрам.

Оваа Влада успеа да го тргне балансерот кој беше воведен во 2016-та година кој всушност претставува алгоритам со кој се врши прераспредеба на работните места во джавната и јавната администрација. – оценува Суад Скендери од Ромалитико.

– Балансерот нанасе штета на ромската заедница. Нашите анализи покажуваат дека имаме подготвен кадар кој чека на вработување.Согласно принципот за правична застапеност Ромите во државната и јавната администрација треба да бидат застапени со 2.6%. Добро е што оваа Влада покажува сигнали дека се насочува да ја подобри ситуацијата. – вели Скендери.

ФОТО: Борче Поповски

Слични содржини