Роман на Гете предизвикал повеќе самоубиства од сите најтажни љубовни приказни

од Vladimir Zorba
509 прегледи

Романот „Страданијата на младиот Вертер“ најпрвин привлекол голем број на читатели во Европа каде се зборувало дека големиот војсководител Наполеон Бонапарта ја прочитал барем седум пати, а потоа приказната ги освоила срцата на читателите ширум Америка.

Штом е објавен романот на Јохан Волфганг фон Гете „Страданијата на младиот Вертер“, веднаш станал сензација и го вивнал младиот автор во ѕвезденото небо. Полуавтобиографскиот роман за романтичниот јунак кој извршува самоубиство поради невозвратената љубов станал вистински бестселер и прва психолошка новела , а подоцна послужил како инспирација на бројните великанина светската книжевност, од Франц Кафка и Ралф Валдо Емерсон до Томас Ман, пишува Ози.

Во својата автобиографија, Гете навестува дека пишувањето имало терапевтско дејство на него, бидејќи тие години размислувал за самоубиство. Она што писателот не го знаел е дека „ослободувањето на неговите внатрешни демони“ во голем број на случаи ќе има трагични последици.

Романот најпрвин привлекол голем број на читатели во Европа каде се зборувало дека францускиот војсководител Наполеон Бонапарта ја прочитал барем седум пати, а потоа приказната ги освоила читателите ширум Америка.

Набрзо почнал да се произведува голем број на предмети врзани за овој роман, вклучувајќи и гравури, порцелан, па дури и парфем„eau de Werter“.

Темата на невозвратената љубов со трагичен крај толку ги окупирала умовите и срцата на младите Гетеови современици што почнале да носат сини капути и жолти пантолони во слава на омилениот протагонист, пренесува Ози.

Сепак, имитацијата не се запрела само на облеката- наскоро во европските медиуми почнале да се појавуваат наслови за самоубиства инспирирани од славниот роман.

Критичарите сметале дека Вертер го оправдува, па дури и го вреднува самоубиството. Година дена по објавувањето на книгата, Универзитетот во Лајпциг напишал петиција поради заштита на јавната сигурност. Потегот се покажал како успешен, а романот наскоро е забранет и во Италија и во Данска.

Гете подоцна во животот изразил жалење поради влијанието кое приказната го имала на оние „кои сметале дека мораат поезијата да ја преточат во реалност„, а Мадам де Стал тврдела дека во тоа време„Вертер предизвикал повеќе самоубиства од сите најубави жени на светот“.

С.В.