Децата во Романија на возраст меѓу пет и 11 години ќе можат да се вакцинираат против коронавирусот почнувајќи од 26-ти јануари, соопштија властите во Букурешт.
Родителите или законските старатели можат да закажат вакцинација на децата со вакцините Фајзер од оваа недела, објави во четвртокот Националниот одбор за вакцинација.
Романија, со население од околу 19,5 милиони, има само 48% од целосно вакцинирани граѓани, додека просекот во ЕУ е 80%.
Многу други земји од ЕУ веќе започнаа програми за вакцинација за деца под 12-годишна возраст, потсети АП.
Деновиве Романија бележи значителен пораст на бројот на заразен. Денеска се забележани 9.884, што е рекорд од почетокот на ноември, кога бројот на заразени почна да опаѓа.
Од почетокот на пандемијата, Романија потврдила скоро 1,9 милиони инфекции со Ковид-19, а починале 59.180 луѓе, пренесува Танјуг.