(ВИДЕО) Роналдо годинава со рекордни 18 погодоци во ЛШ

од Vladimir Zorba
76 прегледи

  Кристијано Роналдо постигна два гола синоќа во триумфот на Реал Мадрид над АПОЕЛ (0:6) и постави нов рекорд во Лигата на шампионите.

Португалецот погоди во 49 минута и 54. минута со што стигна до 18 голови во елитното фудбалско натпреварување во една календарска година.

Претходно рекордот исто така го држеше ѕвездата на Реал со 16 погодоци постигнати во 2015 година.

Реал Мадрид веќе има обезбедено пласман во осминафиналето од ЛШ, а Роналдо ќе има можност во последното (6. коло) од групната фаза да го подобри рекордот за уште некој погод

https://youtu.be/1LvHX127qRw