Роналдо и Бејл ги молат навивачите за поддршка против ПСЖ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Големата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо направи специјално видеообраќање кон навивачите на „белите“, со кое ги повика приврзаниците да покажат „безусловна поддршка“ кон него и неговите соиграчи за време на важниот судир со Пари Сен Жермен.

Средбите од 1/8-финалето на Лигата на шампионите излегоа едни од најважните за тимот во сезоната, откако Реал одамна ги загуби шансите за титулата и отпадна од Купот на Шпанија.

„Во среда имаме многу важен натпревар против одличен тим. Она за што јас и моите соиграчи ве молиме, е да ни ја дадете вашата безусловна поддршка, како и секогаш. Заедно ќе бидеме многу посилни. Hala Madrid!“, повика CR7.

Герет Бејл се приклучи со следново: „Ве очекувам во среда и се надевам дека повторно ќе пишуваме историја заедно“.

Обраќањето на Кристијано Роналдо доаѓа само неколку дена откако тој изрази разочарување од навивачите поради тоа што дел од нив го исвиркаа Карим Бензема за време на победата од 5:2 над Реал Сосиедад.

Слични содржини