Роналдо: Мбапе ќе ја освои „Златната топка“ доколку потпише со Реал

од Vladimir Zorba

Поранешниот бразилски репрезентативец Роналдо изјави дека францускиот репрезентативец Килијан Мбапе ќе ја добие „Златната топка“ која се доделува на најдобриот светски фудбалер доколку потпише договор со Реал Мадрид, пренесе „Дејли Меил“.

Мбапе има договор со Пари Сен Жермен до крајот на сезоната. Тој постојано одбиваше да ја продолжи соработката со клубот од Париз, бидејќи наводно се согласил да се пресели во Реал на крајот од сезоната.

„Мораме да почекаме да биде официјално објавено пред да навлеземе во детали, но јасно е дека сите едвај чекаат Мбапе да замине во Мадрид.

„Тој е неверојатен играч“, изјави Роналдо.

Слични содржини