Роналдо не сака во Јунајтед поради Мурињо

од Vladimir Zorba

Кристијано Роналдо нема намера да се врати во Манчестер Јунајтед, бидејќи не сака да работи повторно со Жозе Мурињо, пишува „Сан“.

Гласини за враќање на Португалецот на „Олд Трафорд“ се слушаат веќе неколку години и се засилија во последната сезона, кога се зборуваше дека 5-кратниот освојувач на „Златната топка“ не е задоволен во Реал Мадрид.

Изданието „Le 10 Sport“ тврди дека 33-годишниот Роналдо не сака да работи повторно под водство на Мурињо, бидејќи ги уништиле меѓусебните односи по последната заедничка сезона на „Бернабеу“. Двајцата имаат ист агент – Жорже Мендеш, кој се обидел да одигра улога на мировник, но дури и тој не успеал да ги стопли односите.

Значи, CR7 претпочита да го напушти Реал, но не во насока на „Олд Трафорд“. Роналдо и Мурињо работеа заедно три години на „Бернабеу“ помеѓу 2010 и 2013 година.

Слични содржини