Роналдо: Подобро е да почнеш лошо, но да завршиш добро

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Изминавме  долг пат до тука, но се боревме и верувавме во себе. Подобро е да почнеш лошо, но потоа сè да заврши добро.

роналдо

Ова го изјави суперѕвездата на Португалија, Кристијано Роналдо по успехот со 2: 0 против Велс во Лион. “Го сакавме  тоа од самиот почеток. Играчите, тренерите и медицинскиот персонал си го заслужија овој успех. Се надевам дека по финалето на моето лице ќе има насмевка и солзи од радост. Секогаш сум велел дека сакам да направам нешто за Португалија. Сега се доближивме на чекор од сонот “, изјави Роналдо по дуелот. Тој беше избран за играч на натпреварот, откако го постигна првиот гол и изработи вториот. Во завршниот дуел на Евро 2016 Португалија ќе игра со Франција или Германија.