Триумфот на Реал Мадрид во Лигата на шампионите минатата сезона е причината поради која Карло Анчелоти моментално не е на чело на репрезентацијата на Бразил, смета Роналдо. Селесао вложи многу труд да го убеди италијанскиот стручњак да го преземе тимот, но тој се уште е на „Сантијаго Бернабеу“. Бразилците беа особено активни во 2023 година, иако самиот тренер изјави дека преферирал да остане во Реал.
Денови пред почетокот на 2024 година, Карло повторно потпиша со „белите“ до летото 2026. Сега Роналдо не потсети дека бил дел од тимот што преговарал со Анчелоти.
„Имавме разговори, но се закочи откако Реал Мадрид одби да го пушти. Ја освои Лигата на шампионите (сезона 2023/24 – н.з.). Да не донесеше трофеј, Реал ќе го отпуштеше“, тврди Феноменот.
Актуелен тренер на Бразилците е Доривал Жуниор.