
Ѕвездата на Португалија, Кристијано Роналдо се зајаде со фудбалерите од репрезентацијата на Шпанија, кои не пропуштија да се вклучат во предизвикот “Манекен”.
Напаѓачот на “Реал” Мадрид одговори на видеото објавено на официјалниот профил на Лукас Васкез во “Инстаграм”.
“Добра копија, а”, напиша Роналдо под клипчето.

Роналдо се замеша во веќе постоечката битка помеѓу Шпанија и Англија, кои не успеаја да ја победат на теренот, но за сметка на тоа одлучија да ја продолжат борбата на социјалните мрежи.
Сепак должни сме да се истакне дека Португалија ги надмина двата тима, запишувајќи слично видео уште пред неколку дена. Кристијано и компанија “замрзнатото” во сопствената соблекувалната, но овациите повторно ги собра 31-годишниот напаѓач, кој позира во долна облека.