Јувентус веќе објави дека во новата сезона тимот ќе има нов тренер. Масимилијано Алегри се
раздели со италијанскиот шампион, а се уште не е јасно кој ќе биде новиот тренер на тимот.

Ѕвездата на тимот, Кристијано Роналдо, ја покажа својата класа и се збогуваше со тренерот преку
социјалните мрежи. Таму објави фотографија од двајцата, придружена со текст: „Ти благодарам,
мистер. Живеевме заедно една година, но беше неверојатно, бидејќи освен одличен тренер, ти си и
голем човек. Беше чест да работам со тебе“, напиша Кристијано во социјалните мрежи.