Роналдо врши притисок врз Ал-Наср да го ангажира Де Бруин

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Белгискиот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин може да се пресели во Саудиска Ал-Наср следното лето, а за тоа лобира португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо, објави весникот „Мундо Депортиво“.

Де Бруин има договор со „граѓаните“ до 2025 година, а Роналдо е решен да го убеди својот клуб да издвои сериозни пари за еден од најдобрите играчи од средниот ред во светскиот фудбал.

Ал-Наср подготвил понуда за Де Бруин која Белгиецот тешко може да ја одбие, а се шпекулира дека би можеле да му понудат плата од 1 милион евра неделно. Разликата е огромна бидејќи Белгиецот во моментов е еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата, но заработува од 350.000 до 400.000 евра неделно.

Самиот Де Бруин во едно интервју неодамна призна дека, со оглед на многу добрата понуда, можеби размислува за трансфер бидејќи е на крајот од кариерата.

Доколку Де Бруин реши да го продолжи договорот со Манчестер Сити на повеќе години или подолг период, не може да смета на поголема плата поради политиката на клубот кон играчите кои поминале одредена возраст.

Слични содржини