Рот: Добро е да се вратиш во предизвикувачки, фрустрирачки времиња за Македонците, не сте сами

од Берта Китинска
208 прегледи

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.Пред денешните средби со државниот врв и во Парламентот во Скопје на тој на Твитер напиша дека доаѓа во предизвикувачко и фрустрирачко време за Македонците, напоменувајќи дека нема да чекори сам.

-Добро утро Скопје! Добро е да се вратиш во предизвикувачки, фрустрирачки времиња за Македонците! Но вие никогаш нема да чекорите сами… Надежта е клучот! И патем: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности!, напиша на Твитер Рот.

Тој ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, а ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Слични содржини