Германскиот дипломат нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема мнозинство во парламентот и дека таму има мнозинство за друг кандидат.
Сега конечно мора да се овозможи формирање нова влада. Иванов мора да постапи согласно својата уставна одговорност. Циничната игра за власт е спротивна на интересите на граѓаните, вели за Михаел Рот од германското МНР за Дојче веле.
– Во Македонија во моментов сме сведоци на една тажна игра. Ужаснат сум од тоа како политичарите околу екс премиерот Груевски секојдневно ја прокоцкуваат својата веродостојност. Сметката на крајот мора да ја плаќаат граѓаните во Македонија. Изборите се одржаа пред месеци. Очекуваме конечно, откако е избран претседател на парламентот, сега да се формира и влада. Никој не смее да се извлекува од демократските правила. Тоа особено важи за поранешната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ. Ова е цинична игра за власт која се игра на грбот на граѓаните на Македонија. Тоа е апсолутно неприфатливо и ги охрабрувам сите одговорни, сега конечно повторно да ги почитува минималните стандарди на демократија и правна држава – вели Рот.
Тој нагласи дека поранешната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ нема мнозинство во парламентот и дека таму има мнозинство за друг кандидат.
– Сега конечно мора да се овозможи формирање нова влада. Претседателот на државата Иванов мора да постапи согласно својата уставна одговорност. Циничната игра за власт е спротивна на интересите на граѓаните. Господинот Груевски го потроши сиот кредит. Македонија, која некогаш беше пример за приближување кон ЕУ, од таа цел се оддалечува секојдневно. Довербата градена со години се прокоцкува. Со тоа им се нанесува голема штета на преговорите за приклучување кон ЕУ – рече Рот.