Рот: Конечно да се отворат преговори со С. Македонија и Албанија

од Vladimir Zorba

Германскиот државен секретар Михаел Рот ги повика земјите-членки да преземат одговорност и „конечно“ да ги започнат пристапните преговори со Скопје и Тирана.

„Не можеме едноставно да дозволиме овие држави да продолжат да чекаат, иако ги исполнија условите“, рече Рот.

Министрите на ЕУ на денешниот состанок во Брисел треба да ја проценат состојбата и евентуалните нови чекори во процесот на пристапување на земјите кандидати за членство во ЕУ.

Ќе се разговара за натамошен напредок во процесот на пристапни преговори со Србија и Црна Гора, при што голем број министри во прв план на дискусијата ќе го стават почетокот на преговорите со Северна Македонија и Абанија.

Претседавачот со денешниот Совет на ЕУ, словенечкиот државен секретар Гасар Довжан, најави дека во наредните недели се очекува „многу работа“ за решавање на билатералниот спор меѓу Скопје и Софија, кој две години го блокира отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

Слични содржини