Рот: С.Македонија и Албанија постигнаа многу, очекуваме ЕК да донесе позитивна одлука

од Берта Китинска

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, кој попладнево допатува во Тирана, по средбата со премиерот Еди Рама рече дека Албанија има многу постигнувања, како и Северна Македонија, во исполнувањето на условите поставени од Европската унија.

„Знам дека многумина од вас се разочарани од ЕУ, од она што се случи во минатото. Но, можеме да кажеме дека Албанија, исто како и Северна Македонија, постигнаа многу. Очекуваме Европската комисија да донесе позитивна одлука“, рече Рот на заедничката прес-конфренција со Рама.

Слични содржини