Рот: Заедно со Грција го поддржуваме европскиот пат на Македонија

од Nikola Popovski

Германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот денес изрази поддршка за членството на Македонија и Албанија во ЕУ.

„Двајцата го поддржуваме патот на Албанија и Македонија кон членство во ЕУ, што ќе ја направи Европската Унија и поголема и посилна“, рече Рот по средбата со алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милитиадис Варвициотис.

На неодамнешната средба во Скопје, премиерот Заев му се заблагодари на Рот за сите напори коишто ги вложи германското претседателство со ЕУ во својот мандат, но и за сегашните напори, чијашто цел е одржување на првата меѓувладина конференција во рамките на португалското претседателство.

„Северна Македонија е редок европски пример како низ соживот и јакнење на демократските капацитети, а притоа решавајќи ги и отворените прашања со соседите, прави темелни реформи за доброто и на граѓаните на нашата држава, но и во поширок контекст за граѓаните на Западен Балкан. Ќе продолжиме со конструктивните политики, со почитување и унапредување на односите со нашите соседи“, рече Заев.

Слични содржини