Пилотот на Мерцедес Нико Розберг ќе стартува од првата позиција на денешното натпреварување за Гран При на Германија, откако беше најбрз во вчерашната квалификација.
На патеката во Хокенхајм Германецот, кој е поместен од првото место во генералниот пласман од Луис Хамилтон минатата недела, вртеле криг за 1 минута 14.363 секунди, што беше најбрзото време на денот. Неговиот соиграч и главен конкурент за титулата Хамилтон направи грешка во третата фаза на квалификациите и на крајот мораше да се задоволи со втората позиција. Од вториот ред дендка ќе стартуваат пилотите на Ред Бул Даниел Рикардо и Макс Верстапен, а од трети – соиграчите во Ферари Кими Раиконен и Себастијан Фетел.