Розевата е новата русокоса – Ким Кардашијан ги изненади фановите!

од Vladimir Zorba

Малку се жените кои толку драстично ќе експериментираат со се што е поврзано со нивниот изглед, но кога станува збор за Ким Кардашијан – сè е добро! Сме ја виделе со тренерки и потпетици и со преголема јакна без градник, па речиси ништо не може да не изненади.

Само еден ден откако реалити ѕвездата сподели со нејзините обожаватели на социјалните мрежи дека ѝ е здодевно како русокоса, ја гледаме со … розева коса.

„Еј, ви се допаѓа мојата нова розева коса?“, напиша 37-годишната Ким на Твитер, споделувајќи фотографија и видео која ја покажува нејзината нова фризура.

Најпознатата од сестрите Кардашијан е мајстор на промените, а нејзината руса коса, која веќе е во историјата, дебитираше само пред неколку месеци – во септември 2017 година за време на модната недела во Њујорк.

Слични содржини