РСЕ: Полицијата во Белград ги забрани собирите за поддршка на Навални

од Stefanija Kuzmanovska
577 прегледи

Полицијата во Белград денес ги легитимираше насобраните на собирот за поддршка на рускиот опозиционер Алексеј Навални и побара од нив да се разделат со образложение дека митингот не е пријавен.

Ним им беше кажано забранети се собири на повеќе од пет лица поради епидемијата, изјавија организаторите на собирот за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Полицијата за новинската агенција „Бета“ изјавила дека немаат информации за ваков собир во Белград.

На собирот за поддршка на Навални, имаше само десетина граѓани кои за РСЕ изјавија дека се собрале спонтано, преку социјалните мрежи.

Собирот започна пред Храмот Свети Сава, каде полицијата идентификуваше неколку граѓани и побара потврда за регистрација на собирот.

На насобраните им било кажано дека полицијата одговорила на повикот од обезбедувањето на храмот.

Учесниците потоа се упатиле до блиската руска амбасада, каде што исто така ги идентификуваше полицијата и им било кажано дека просторот пред Амбасадата не е место за собири. Им било кажано да се разотидат, напоменувајќи дека ќе можат да го одржат собирот откако истиот ќе биде пријавен.

Неколкумина се собраа малку подалеку од Амбасадата и развија транспарент „Слобода за Навални“.

Викендов низ Русија се одржуваат протести за поддршка на лидерот на опозицијата Алексеј Навални, а уапсени се над 900 демонстранти, вклучувајќи ја и сопругата на Навални, Јулија.

Слични содржини