Русија го суспендира учеството во нуклеарниот договор со САД

од Stefanija Kuzmanovska
177 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање пред парламентот во вторникот рече дека ќе ја продолжи војната во Украина и ја обвини НАТО алијансата предводена од САД дека го поттикнува конфликтот со погрешно уверување дека Москва може да биде поразена во глобална војна, а исто така најави дека го суспендираше учеството во Новиот СТАРТ.

Путин ѝ порача на руската политичка и воена елита дека Русија „внимателно и доследно ќе ги решава задачите со кои се соочува“.

Тој исто така најави дека Русија го суспендира своето учество во договорот со САД со кој се ограничуваат стратешките нуклеарни арсенали на двете страни.

„Во оваа смисла, принуден сум денеска да објавам дека Русија го суспендира своето учество во договорот за стратешко офанзивно оружје“, им рече Владимир Путин на пратениците.

Сепак, тој нагласи дека ова не е повлекување од договорот.

Слични содржини