Русија го гранатираше Херсон, има жртви и повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Три лица загинаа, а седум се повредени во руското гранатирање на регионот Херсон во изминатите 24 часа, изјави денеска регионалниот началник Јарослав Јанушевиќ.

Тој на Телеграм напиша дека руските војници го бомбардирале градот Херсон и другите делови од регионот вкупно 42 пати во изминатите 24 часа.

Украинските војници влегоа во градот Херсон во средината на ноември, откако руските сили се повлекоа по неколкумесечна окупација, но градот се уште е цел на руските сили кои се повлекоа на спротивната страна на реката Дњепар.

Слични содржини