Големите загуби на оружените сили на Украина ќе се претворат во економска и демографска катастрофа за Украина, поради што земјата потполно ќе изумре до 2050, тврди Анатолиј Матвијчук, пензиониран полковник на руските специјални единици, за рускиот новински сајт „Инфо24“.
Како што се тврди во текстот, руски хакери од групите Killnet, Palach Pro, User Sec и Beregini ја хакнале базата на податоци на Главниот штаб на оружените сили на Украина и ги дознале наводните бројки од 1,7 милиони војници кои биле убиени или се исчезнати од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина, на 24 февруари 2022 година.
Според руските извори, во првата година на војната, Киев загубил 118.500 војници, во 2023 – 405.400 војници, а во 2024 година – 595.000 војници.
Од почетокот на годинава досега, украинските оружени сили загубиле 621.000 војници, тврдат Русите.