Русија алармира: Гответе се за нуклеарна војна со Западот!

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Изградени се подземни засолништа, кои би можеле да прифатат 12 милиони луѓе

путинн

Русија  ги предупреди граѓаните дека нуклеарна војна со Западот може да биде неизбежна – предизвикана од судирите на Блискиот Исток. Руската телевизија “Ѕвезда”, која е во сопственост на руското воено министерство, објави минатата недела дека “шизофрениците од Америка” вовлекуваат  “нуклеарно оружје за Москва”.
Претставници на руските власти во петокот објавија дека биле изградени подземни засолништа, кои би можеле да прифатат 12 милиони луѓе, што е горе-долу целото население на Москва, пресметува Канал 3.

Во меѓувреме руското Министерство за цивилна заштита објави дека се одржуваат невидени “широки” вежби во цела Русија во врска со цивилната заштита во текот на 4 дена.

Учењата всушност се големи, бидејќи во нив учествуваат околу 40 милиони Руси и 200 илјади специјалисти од “итни спасувачки единици”.

Целта на вежбите е подготовка за “големи природни и предизвикани од човекот катастрофи во Руската Федерација.

Според зборовите на шефот на министерството Олег Мануилов, вежбите ќе тестираат како Русите би одговориле на “катастрофа” во “вонредна” ситуација.

Во меѓувреме Премиерот на Руската Федерација, Димитриј Медведев потпиша наредба за прекинување на договорот со САД за соработка во истражувањето и развојот во нуклеарната и енергетската сфера, пренесува TACC. Соодветниот документ е објавен на интернет страницата на Кабинетот на министри.

“Во врска со воведените од САД ограничувања за соработка со Руската Федерација во областа на нуклеарната енергетика … престанува договорот меѓу владите на Руската Федерација и владите на САД за соработка во истражување и развој во нуклеарната и енергетската сфера од 16 септември 2013 година” , се вели во наредбата на Медведев.