„Русија би можела да ја обнови својата војска и да нападне други земји во следните неколку години“

од Vladimir Zorba

Русија би можела да ја обнови својата војска и да нападне други земји во следните неколку години доколку избледи поддршката за Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги предупреди европските лидери за ова.

На самитот на Европската политичка унија во Шпанија, Зеленски, исто така, ја истакна тековната закана за цивилите во неговата земја, опишувајќи како украинските деца во градот Харков не можат да одат на училиште поради воздушните напади.

„Додека не постои целосно ефикасен систем за противвоздушна одбрана, децата не можат да одат на училиште“, се пожали тој на самитот во Гранада.

Зеленски рече дека Европа може да ја спречи руската војска да нападне кој било друг на континентот со одржување на воена поддршка за Украина.

„Не смееме да дозволиме Путин да дестабилизира кој било друг дел од светот и нашите партнери за да ја уништи моќта на Европа“, рече тој, додавајќи дека присуството на Русија „е закана за сите нас“.

Украинскиот претседател истакна дека поддршката од западните земји е од витално значење за да се осигура дека војниците ќе ја преживеат зимата.

Слични содржини