Русија: Децата ќе добијат вакцина против корона следната година

од Vladimir Zorba

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да започне со тестирање на вакцината против коронавирусот на деца во периодот јануари-февруари следната година, изјави директорот на центарот, Александар Гинзбург.

Според „Спутник“, Гинзбург изјавил дека Институтот никогаш не спровел тестови на деца.

„Педијатрите ги знаат овие специфики, па заедно со нив подготвуваме документација што ќе ја доставиме до Министерството за здравство за да можеме да спроведеме тестови на деца, но само откако ќе ги завршиме сите тестови на возрасните“, рече Гинзбург.

Според него, тестирањето врз деца ќе започне во зима, затоа што третата фаза од тестирање на вакцината против вирусот кај возрасните ќе трае околу пет месеци.

„Се надевам дека вакцината ќе биде погодна за деца, но според рускиот закон, вакцината може да се тестира на деца само кога ќе помине целиот циклус на тестирање кај возрасните“, објасни Гинзбург.

Министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко, претходно објави дека се завршени клиничките испитувања на вакцината против коронавирусот во Русија и дека ова е вакцина што ја развива Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеи“.

Слични содржини