Русија ги обвини САД дека се директен соучесник во соборувањето на рускиот „Иљушин“

од Stefanija Kuzmanovska
260 прегледи

На седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, Русија ги обвини Соединетите држави дека се „директен соучесник“ во соборувањето на рускиот воен транспортен авион „Иљушин-76“ минатиот месец над регионот Белгород, а Вашингтон ја обвини Русија дека истрелала најмалку девет севернокорејски балистички проектили во Украина.

Заменик-амбасадорот на САД во Обединетите нации, Роберт Вуд ја обвини Русија дека истрелала најмалку девет севернокорејски балистички ракети кон Украина и истакна дека Русија и Северна Кореја мора да одговараат за прекршување на резолуциите на Советот за безбедност.

И Москва и Пјонгјанг претходно ги негираа американските обвинувања дека Северна Кореја ѝ испорачува ракети на Русија.

Слични содржини