Русија ги укина сите ковид мерки

од Stefanija Kuzmanovska

Русија денеска објави дека ги укинува сите ограничувања за спречување на ширење на ковид-19, вклучително и обврската за носење маски, по подобрувањето на епидемиолошката состојба и бројот на починати од болеста.

Сепак, не е исклучена можноста за повторно воведување на рестриктивни мерки доколку ситуацијата се влоши, пренесува ТАСС.

Руската служба за фитосанитарен надзор (Роспотребнадзор) објави дека „ги укинува претходно воведените ограничувања, вклучително и задолжителните маски, како и забраната за работа на угостителските објекти во текот на ноќта и голем број други мерки“, наведува руската агенција.

Соопштено е и дека моменталната динамика на вирусот е во согласност со светските трендови и дека 93 отсто од потврдените случаи се благи или асимптоматски, пренесува „Танјуг“.

Од почетокот на пандемијата во Русија во април 2020 година, повеќе од 800.000 луѓе починале од коронавирус или компликации поврзани со ковид-19, при што земјата забележала повеќе од 18 милиони инфекции.

Слични содржини