Руските власти ја казниле социјалната мрежа „Твитер“ со 55.000 долари за непочитување на рускиот закон, односно затоа што не ги локализирале своите бази на податоци за корисници од Русија, соопшти денеска агенцијата Роскомнадзор.
„Обработката на лични податоци не е локализирана. Изготвени се десет протоколи за административни прекршоци“, се вели во соопштението, додавајќи дека судовите ги проучиле сите протоколи и наметнале соодветни казни.
Изречени се вкупни казни од 27,9 милиони рубљи за небришење на забранетата содржина, и дополнителни четири милиони рубли (55.800 американски долари) за непочитување на прописите за базите на податоци.
Официјален претставник на регулаторната агенција изјави дека „Твитер“ има зачувано повеќе од 6.000 различни пораки со забранета содржина од 2015 година, објави ТАСС.
Според Роскомнадзор, просечното време за исполнување на нарачката за отстранување на забранетата содржина е скратено од 129 на осум дена.