Русија го одби барањето на американската амбасада да го посети притворениот новинар на WSJ

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека го одбило барањето на Амбасадата на Соединетите Американски Држави да го посети притворениот новинар на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович на 11 мај.

Во него се наведува дека мерката е преземена како одговор на неиздавањето американски визи на претставниците на руските медиуми, кои требаше да отпатуваат со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на состанокот на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

„Русија нема да го заборави и прости неиздавањето американски визи на руските новинари“, изјави Лавров пред да замине во Њујорк на состаноците на Советот за безбедност на ОН на 24 и 25 април.

Слични содржини