Во Сирија ништо веќе нема да е можно без согласност на Русија и Иран. На некои овој “нов поредок” можеби му се допаѓа, но Саудиска Арабија никогаш нема да се помири со него. Затоа крвопролевање ќе продолжи, пишува DW.

Али Лариџани беше еден од првите кои го поздравија “ослободувањето” на Алепо. Во соопштението на претседателот на иранскиот парламент, што беше цитирано од светските агенции, се зборува за “успех на сирискиот народ против терористите”.
Всушност зборовите на Лариџани не беа ништо друго освен бесрамно фалење. Воената победа на режимот на Асад не би била можна без масовната поддршка од страна на ирански борци и на финансирани од Иран шиитски милиции како и либанската Хезболах. А уште помалку пак – без решавачкото учество на Русија во форма на крајно брутални бомбардирања против вооружените бунтовници, но и против цивилното население.
Човечкиот живот не вреди скршена пара
Борбите и бомбардирањето во Алепо и досега не се конечно стивнати. Човечкиот живот таму нема никаква вредност. Единствената цел која се гони со стрвност, е уништување на противникот – без оглед на можните загуби. Според податоците на ОН, и во последните денови биле извршени сурови злосторства. Но ужасните ѕверства сигурно ќе продолжат и по конечното освојување на градот.
Победничкиот потег на режимот на Асад не може да биде запрен, додека ужива поддршката на силните сојузници надвор. А кога режимот на сирискиот диктатор ќе ја преземе целата контрола над Алепо, тој сигурно ќе се насочи и кон следната цел – останатите немирни региони во провинцијата Идлиб. Со други зборови: војната ќе продолжи и ќе зема нови жртви. Дали нешто или некој ќе е воопшто во состојба да го застане Башар Асад?
Западот и т.н.. Меѓународна заедница? Сигурно – не. Обединетите нации пропаднаа целосно, си призна дури генералниот секретар Бан Ки Мун. Светотфи следи целосно од страна убиствата во Алепо и во остатокот од земјата. Активните дипломатски напори за решавање на конфликтот не се во можност да ја прикријат нивната целосна беспомошност. Никој не се придава на помош на оние цивили кои се во ќорсокак ! Тоа нема да се промени и откако идниот американски претседател Доналд Трамп го преземе претседателското столче.
Веќе ништо не се случува без Русија и Иран
Станува јасно дека воените злосторства остануваат неказнаети – тоа е првата горчлива порака од Алепо. А втората гласи дека во Сирија веќе ништо нема да може да се случува без согласност на Русија и Иран. Владите во Ирак, Либан и Египет можеби ги доживуваат симпатии кон ваквиот ново сооднос на силите во регионот. Но Саудиска Арабија и другите монархии од Заливот едвај ќе се помират со него. Затоа е очигледно дека ќе продолжат да ги снабдуваат со оружје своите сојузници. Крвопролевањето очигледно ќе продолжи.