
Радиоелектронска муниција, способна да парализира техниката на противникот и нејзиниот систем со помош на моќен над високотонски импулс, се создава во Русија, објави концернот „Радиоелектронски технологии“.
Пред извесно време во некои медиуми беше објавена информација дека од рускиот одбранбено-индустриски комплекс е создадена моќна електромагнетна ракета „Алабуга“, во чија боева глава глава има блок со генератор за електромагнетно поле со висока моќност.
Исто така беше објавено дека таа при удар успеала да погоди територија во дијаметар од 3,5 километри и притоа да ја исклучи целата електроника, претворајќи ја во „остатоци“. Сега Михеев навел дека „Алабуга“ не е конкретно оружје: туку се води под шифра уште од 2011-2012 година и притоа е затворен целиот комплекс од истражување, кај кои се дефинирани основните насоки за развој на идното радиоелектронско оружје.
„Беше одржана многу сериозна теоретска проценка и практична работа врз лабораториски макети и на специјализирани полигони, а за време на која е одредена номенклатурата на радиоелектронското оружје и степенот на неговото влијание врз уметноста“ – објаснил Михеев.
Ова влијание по интензитет може да биде различно: „Почнувајќи со вообичното вознемирувачко влијание и со привремено попречувањее на системите на вооружување и техника на противникот, а дури и до нејзино целосно радиоелектронскоо уништување, кое доведува до деструктивно оштетување на основните елементи плочи, блокови и системи.“
По завршувањето на студиите сите нивни резултати се топ тајни, а самата тема зао оружјето се најде во т.н. критична технологија со највисока тајност, истакнал Михеев.
„Сега можеме само да кажеме дека веќе сите овие резултати се донесени до конкретни обиди-и конструкторски работи на создавање на електромагнетно оружје: гранати, бомби и ракети, кои во себе носат посебен магнетен генератор, во кој за сметка на енергијата на експлозијата се создава т.н. СВЧ-електромагнетен импулс, изработен со цел на одредена далечина целата техника на противникот да биде парализирана или уништена “ – истакнал Михеев.
Ваквите истражувања ги водата сите водечки светски земји, вклучувајќи ги и САД и Кина.