304
Најмалку едно лице е рането во напади на беспилотно летало од иранско производство врз градот Бела Црква, на околу 100 километри јужно од Киев, изјави денеска регионалниот гувернер.
Ова е прв напад од дрон од типот shahed-136 во оваа област.
„Во текот на ноќта, непријателот изврши напади со беспилотни летала shahed-136 врз Бела Црква“, навел гувернерот Олексиј Кулеба на Телеграм.
— zoranceran (@zoranceran2) October 5, 2022
На видеото се слуша звук, а потоа и детонација!
Тој соопшти дека едно лице е рането и дека во тие напади била оштетена инфраструктура.