213
Во текот на ноќта Русија ја нападна Украина со 17 јуришни дронови, соопшти украинската армија.
Како резултат на борбените операции, уништени се 11 „шахеди“ во регионите на Николаев, Одеса и Дњепропетровск, се наведува во пораката објавена на Телеграм, пренесува „Укринформ“.
Како што беше соопштено, во ноќниот напад на руските дронови врз Одеса била оштетена цивилната инфраструктура, но нема жртви.