Русија ќе има воен ловец авион од петтата генерација за 3 години

од desk4
84 прегледи

Најпослет стана јасно кога Русија ќе го има долгоочекуваниот воел ловец авион од петтата генерација. Министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров објави дека се при крај завршните тестовите Су-57 (или ПАК ФА -Перспективниот воздухопловен комплекс за фронтовска авијација) со мотор од петтата генерација. Според Мантуров, “втората фаза од тестирањата на моторот може да трае околу три години”.

Првиот лет, идниот руски борбен авион од петтата генерација е извршен уште во 2010 година, но со мотор Ал-41Ф1 каков се користи и при модернизирана варијанта на Су-27, т.н. Су-35.

Моторот е главната и најсложена компонента во борбениот авион. Според дизајнерите, кога моторот е подготвен, машината е завршена повеќе од 60%. Рускиот Су-57 неодамна го тестираше новиот мотор.

Првиот 17-минутен лет беше извршен на 5 декември 2017 година, изјавил Денис Мантуров коментирајќи дека ПАК ФА го потврди големиот потенцијал на руската авиоиндустрија, оспособен за високо напредни системи со уникатна аеродинамика, иновативна дигитална опрема и нов мотор. Су-57 се планира да биде ветувачки руски повеќе наменски ловец од петтата генерација.

Развиена од конструкторсково биро на Сухој, до август 2017 година, авионот бил познат под својот индекс Т-50. Тој мора да ги замени различните верзии на тешкиот Су-27 ловец авион на руските воздухопловни сили.

За извозни испораки, врз основа на Су-57, заедно со Индија се планира создавање на модификација со ознака “FGFA” (Fifth Generation Fighter Aircraft).