Русија ќе одржи претседателски избори во четирите анектирани украински региони

од Stefanija Kuzmanovska
248 прегледи

Русија ќе одржи претседателски избори во четирите анектирани региони на Украина, соопшти Централната изборна комисија на таа земја, а пренесува „Интерфакс“.

Минатата година Русија соопшти дека ги анектирала украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, иако не ја контролира целата нивна територија.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот петок потврди дека повторно ќе се кандидира за претседател на изборите кои ќе се одржат во март 2024 година.

Слични содржини